Кривична пријава за директорот на битолски “Водовод” за злоупотреба на службената положба и овластување

t

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против П.М.(39) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот, вработен како директор на ЈКП „Водовод“ – Битола, на 14.08.2022, на 26.08.2022 и на 02.09.2022 реализирал три службени патувања во странство со службено возило на ЈКП „Водовод“, патувајќи со лица кои не се вработени во претпријатието и тоа со претходно донесени непрецизирани и некомплетни одлуки од Управниот одбор за одобрување на службени патувања во странство.

Исто така, тој како одговорно лице во текот на 2022 година примил фактура во износ од 20.088 денари од овластен сервис за поправка на службеното возило, која била наплатена од сметката на ЈКП „Водовод“, иако возилото било каско осигурано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Нов пожар во Битола во близина…

Пожар избувна во близина на железничката пруга…

Пожарот кај Небрегово се шири кон две…

Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од…

Бабам Битола: Замислете некој од оние МИЛИОНЕРИТЕ…

Замислете некој од оние МИЛИОНЕРИТЕ во РЕК…

Целосно е изгаснат пожарот на Пелистер

Пожарот кај Битола на Пелистер е целосно…

Потребна е помош за третман со матични…

Почитувани читатели на Инфомакс, потребна е помош…