Објавено на:

Екс-потпретседателката на Европскиот парламент останува во притвор уште најмалку два месеци

t

Европратеничката Ева Каили, до неодамна потпретседателка на Европскиот парламент, останува во притвор уште најмалку два месеца, одлучи денеска судот во Брисел. Претходно оваа недела, нејзината одбрана побара Каили да биде ослободена со нараквица за следење, објавија локалните медиуми.

Претходно денеска судот одлучи да го остави во затвор и европратеникот Марк Тарабела. Каили беше приведена во декември, а Тарабела на почетокот на февруари.

Во меѓувреме, судот го ослободи пријателот на Каили, Франческо Џорџи, нејзиниот татко, како и уште еден од наводните соучесници. Во затвор останува поранешниот европратеник Антонио Панцери, обвинет дека е шеф на организирана криминална група, кој стана сведок на обвинителството и се согласи на казна под законскиот минимум. Каили, Тарабела и Панцери беа обвинети за корупција во корист на Катар и Мароко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Погреб на демократијата во Албанија: Усвоена новата…

Албанскиот парламент по  маратонска расправа, доцна синоќа,…

(Видео) ТЕНЗИИ ВО АЛБАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Запалени се…

Тензично во и надвор од албанскиот парламент,…

Стерјовски: Како Македонци бараме загарантирано место во…

Лидерот на единствената македонска партија, Македонска алијанса…

Речиси 8.000 мигранти илегално влегле во Словенија…

Предлогот за формирање нови центри за азил…

ЗЛАТО, СРЕБРО И БРОНЗА ЗА МАКЕДОНКИТЕ: Илина…

Илина и Ева Соколовски го развејаа македонското…