Малолетен ученик украл лаптопи од училиште во Гази Баба па ги продавал
На 02.03.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба расчистија кривично дело „кражба“ од средно училиште на подрачје на Гази Баба, при што беа одземени осум лаптоп компјутери.
Имено, по преземени мерки и активности било констатирано дека делото го извршил малолетник – ученик во училиштето од с.Петровец, скопско. Со него бил извршен службен разговор во присуство на родител. Притоа, дел од компјутерите биле пронајдени во продажен објект на бул.„Партизански одреди“, при што сопственикот изјавил дека ги откупил од малолетникот.
Предметите биле вратени во училиштето, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од Министерството з авнатрешни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите од Долни Балван на протест против…
„Моменатлно имаме 14 деца и нив ќе…
Еден осомничен за обид за тешка кражба…
Дваесетгодишник од Гевгелија е осомничен за кривично…
Двајца мигранти нападнале гевгеличанец и му го…
СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Основното…
Епидемиолози влегоа во скопското ОУ „Невена Георгиева…
Дваесетина ученици и еден наставник од Основното…
Киднапирани 42 ученици во Нигерија
Сенаторот на нигерискиот округ Борно југ, Али…