Објавено на:

Можеше да биде и полошо! За ова предупредуваме три години, вели претседателката на судот во Подгорица

t

Претседателката на Основниот суд во Подгорица, Жељка Јововиќ изјави дека денеска сѐ можело да биде „многу полошо“, пренесува „Вијести“.

„Ова го посочувавме со години. За ова зборуваме три години. Укажуваме дека безбедноста е таква каква што е. За среќа, вака заврши, можеше да биде многу полошо – изјави Јововиќ.

Триесет и деветгодишниот Младен Булатовиќ загина откако активирал рачна бомба на влезот во Основниот суд во Подгорица.

Директорката на Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ), Љиљана Радуловиќ изјави дека по денешната експлозија во таа здравствена установа се пријавиле осум лица.

„Од нив, пет пациенти имаат и физички повреди. Четворица пациенти ќе бидат примени на понатамошно болничко лекување“, рече Радуловиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Татко и ќерка починаа по експлозијата на…

Умре девојката која беше повредена во пожар…

Германски државјанин вооружен со пиштол е уапсен…

На граничниот премин на аеродромот во Подгорица…

Експлозија во хидроелектрана во Италија: Има повредени…

Најмалку четири лица се тешко повредени, а…

Експлозија во близина на брод во Црвеното…

Британската агенција за поморска безбедност (УКМТО) соопшти…

Дојави за бомби во Подгорица, прекината е…

Неколку основни училишта во Подгорица ја откажаа…