Објавено на:

Бројот на жртви од земјотресите во Турција надмина 46.000: За еден месец имало повеќе од 13.000 потреси

t

Бројот на жртвите од земјотресот на 6 февруари во југоисточна Турција достигна речиси 46.000, изјави во саботата министерот за внатрешни работи на земјата, Сулејман Сојлу.


„45.968 луѓе станаа жртви на земјотресите, од кои 4.267 се Сиријци“, рече Сојлу на брифингот што го пренесуваа ТВ каналите во Турција.
Според него, бројот на последователни потреси за речиси еден месец надмина 13 илјади.

Тој истакна дека уривањето на тешко оштетените објекти се одвива истовремено со отстранувањето на шутот. Конкретно, во градот Антакија се уништени повеќе од 58% од зградите.
Сојлу рече дека еднократен додаток од 10.000 лири (околу 530 долари) добиле повеќе од милион и 61.000 семејства.
Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени се случија на 6 февруари со интервал од девет часа во провинцијата Кахраманмарас во југоисточна Турција. Потреси се почувствуваа во 11 провинции во земјата и соседните држави, вклучително и Сирија. Турските власти го нарекоа земјотресот „катастрофа на векот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган го ратификува договорот за заедничка одбрана…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган официјално го…

Турција го суспендира безвизниот режим за граѓаните…

Со указ на турскиот претседател Реџеп Таип…

Бугарија испраќа 15 бугарски војници во Турција…

Владата на Румен Радев одобри испраќање до…

Бугарија ѝ предаде на Турција двајца криминалци…

Бугарија ѝ предаде на Турција двајца мажи…

Кина ќе инвестира 15 милијарди долари во…

Кина и Турција потпишаа прелиминарен договор според…