Објавено на:

Сијарто: Јасно е кој кого нападна, ама постојат две страни во војната

t

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави за ТВ Н1 Хрватска дека Киев регрутира некои од 150.000 Унгарци од етничката заедница во Украина и ги испраќа на „првата борбена линија“ каде што гинат.

ТВ Н1 Србија во неделата вечерта објави дека во интервјуто снимено во четвртокот за време на неговата посета на Загреб, Сијарто оценил дека позицијата на Унгарија се разликува од другите во Европската унија затоа што „не гинат дански или германски војници во оваа војна, туку Унгарци“.

Сијарто рече дека сега „воената реторика е многу посилна од разговорите за мир“, дека Владата на Унгарија апелира за прекин на огнот и итни мировни преговори и се надева дека „европската и трансатлантската заедница ќе ја усвојат унгарската позиција“.

Сијарто вели дека во Украина „јасно е кој кого нападнал, а Будимпешта ја осудува Русија за војната“, но дека „очигледно постојат две страни во војната“ и дека се надева дека страните ќе разговараат бидејќи „двете страни сакаат одржлив мир“.

Прашан за можноста премиерот Виктор Орбан да го посети Киев, Сијарто рече дека Орбан добил покана и „кога ќе се создадат услови, може да има посета“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…

Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…

Израел е на пат кон остварување на…

Ова се најбогатите држави во светот, а…

БДП по глава на жител е груба…

Жена од Липково ја удрило струја додека…

Жена од Липково ја удрило струја додека…