Да не се секирате: Амандманите за промена на Уставот ќе ги изработуваат експерти
Власта очекува опозицијата да се вклучи во работните групи за уставни промени. Опозицијата пак смета дека се потребни предвремени избори, бидејќи овој парламентарен состав, според неа, нема мандат за промена на Уставот.
Премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање повтори дека за процесот на уставните измени следна фаза е формирање експертска работна група, што ќе биде координирана од Министерството за правда, со цел подготвување на амандманите, по што ќе има широка јавна расправа, а потоа и парламентарна, во неколку чекори.
– Ние во моментов зборуваме за уставни измени, меѓутоа никој од граѓаните не видел како изгледаат тие уставни амандмани. Значи, прва фаза е тие да бидат напишани од страна на експерти. Не зборуваме само за вметнување на Бугарите во Уставот, туку зборуваме и за другите заедници коишто изразиле желба да бидат дел од нашиот Устав, во којшто веќе има други коишто се вклучени, изјави Ковачевски.
Работната група, додаде тој, ќе вклучува експерти по уставно право и правници, а ќе бидат повикани и експерти од политичките партии, меѓу кои и од опозициските.
– Сметам дека опозицијата тоа треба да го прифати иако се покажало во минатото дека тие во ништо не сакаат да учествуваат освен во блокирање на Собранието. Меѓутоа, мислам дека овој пат треба да учествуваат, рече Ковачевски на новинарско прашање на прес-конференција во Владата по повод буџетската поддршка од 80 милиони евра од ЕУ за справување со енергетската криза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
(Видео) Мицкоски од Вашингтон: Кој гарантира дека…
Кој ни гарантира дека внесувањето на Бугарите…
Гаши: Промена на Уставот што побргу, но…
Новиот спикер на Собранието Африм Гаши вели…
Tројца Бугари осомничени за сквернавење на споменик…
Три лица од Бугарија се осомничени за…
(Видео) Апасиев: Имаат „дил“ да го сменат…
На најголемиот христијански празник ДПМНЕ пушта дип-фејкови.…