Се подготвува ново барање за екстрадиција на Груевски
Министерството за правда подготвува нов допис за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, најави министерот Кренар Лога во емисијата Клик плус на ТВ 21.
Тој вели дека писмото е поврзано и со 9 други случаи, додека во образложението за екстрадиција ќе пишува дека казната ќе ја одлежува во Хашките ќелии, кои ги исполнуваат условите, бидејќи добил азил со образложение дека Македонија нема добри услови во затворите за таа категорија осуденици.
-Груевизмот нема да избега од Македонија додека овој човек и луѓето околу него и тој дух не ја добијат заслужената казна. Во моментов подготвуваме писмо со барање за негова екстрадиција за 9 други кривични дела, за кои тој е обвинет и има меѓународна потерница. Во горенаведеното писмо ,дадов сугестија да се напише дека Македонија ги исполнува условите за категоријата личност како Груевски, бидејќи истиот тој Груевски градел ќелии во притвор и во затвори, таканаречени Хашки ќелии, кои ги исполнуваат сите стандарди и верувам дека со овие докази ги исполнуваме стандардите за неговото третирање како специјален затвореник и сметам дека треба да биде екстрадиран од Унгарија, рече Лога.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…
Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…
КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…
Судски совет: Министерот Лога е должен да…
„Министерот Лога е должен да го почитува…
Лога со допис бара од Судски совет…
Министерот за правда Кренар Лога со писмен…
Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…
За тврдењата на албанската опозиција дека во…