Објавено на:

ХАОС на небото: Воени авиони на НАТО пресретнаа руски воени авиони над Балтикот!

t

Борбени авиони на НАТО по вторпат оваа недела пресретнаа руски воени авиони во близина на естонскиот воздушен простор, соопшти британското воено воздухопловство (РАФ).

Во вчерашната операција учествуваа британски и германски ловци, кои пресретнаа руски авиони недалеку од естонскиот воздушен простор како дел од операцијата за заедничко чување на воздушниот простор на источното крило на НАТО. Ова е второ вакво случување оваа недела.

Два борбени авиони „Тајфун“ пресретнаа руски воен транспортер Ту-134, кој го следеле два руски ловци Су-27 Фланкер и АН-2, воен транспортен авион, соопшти РАФ.

РАФ ја опиша операцијата како „јасен сигнал дека Британија, Германија и другите членки на НАТО стојат покрај Естонија во овие тензични ситуации“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…

Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…

(Видео) Три руски ракети Х-101 експлодирале во…

Во Полска на 20 ноември експлодирале три…

НАТО денеска ќе расправа за нарушувањето на…

Претставници на 32-те земји членки на НАТО…

Руте: НАТО ќе брани „секој сантиметар од…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој…

Латвискиот премиер повикува ЕУ да ги затвори…

Латвискиот премиер Андрис Кулбергс ја повика Европската…