Нов исклучок за Украина: Првпат ММФ ѝ позајмува на држава во војна
Украина ќе добие финансиска поддршка (кредит) од ММФ во износ од 15,6 милијарди долари, од како дел од поширокиот пакет за поддршка на финансиската стабилност, економското закрепнување и европските перспективи.
За прв пат во својата 77-годишна историја, финансиската институција одобрила заем на земја во војна, пренесува „Bloomberg“.
Досега ММФ обезбедуваше средства за земјата преку инструменти за итна помош. Киев ги започна преговорите за целосна кредитна програма во јуни 2022-ра година.
Економската програма за Украина е за период од четири години, додаваат од ММФ и мора да биде одобрена од бордот на институцијата. Се очекува тоа да се случи во наредните недели. Условите за него беа договорени во периодот од 8-ми до 15-ти март на билатерални средби со претставници на фондот и претставници на украинската држава во Варшава, се вели во соопштението на институцијата.
Директорката на ММФ Кристалина Георгиева беше во Украина и разговараше со претседателот Володимир Зеленски на крајот на февруари. Потоа таа истакна дека сите институции во земјава работат и покрај севкупната војна.
„Многу сум импресионирана од фактот што земјата и владата работат многу добро во овие вонредни услови на инвазија“, коментираше Георгиева тогаш.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…
Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…
Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…
Тој повторно ги истакна нападите на САД…
Лавров: Украина мора да остане неутрална
Русија инсистира Украина, како што е предвидено…
Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети
Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…
Захарова: Русија е подготвена да го реши…
Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…