Можете да скенирате со зголемен лимит: Усогласена апликацијата “МојДДВ”
Извршено е усогласување на апликацијата „МојДДВ“, согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица. Со измените се предвидува исплата на максимален износ од 2.100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава, што ќе се реализира во мај.
Од Управата за јавни приходи информираат дека корисниците можат да ја преземат новата верзија на апликацијата од „Плејстор“, „Ејплстор“ или „Апгалери“.
Измените веќе се видливи во апликацијата МојДДВ во верзијата 2.1.6. – се вели во соопшението.
Од УЈП додаваат дека од воведувањето на оваа мерка до денес кај граѓаните се вратени близу шест милијарди денари. Претходно, максималната исплата за скенирани сметки за секое тримесечје беше 1.800 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Битиќи до Кочоска: Фирмите страдааат, кога ќе…
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…
Костадинов: Државата уште го нема исплатено повратот…
Соработката со централната власт е многу лоша,…
СДСМ: Намалување на ДДВ за струја на…
„Прифаќање на предлогот на СДСМ за намалување на…
(Видео) СДСМ предлага намалување на ДДВ за…
Животот во Македонија станува се поскап, граѓаните…
СДСМ бара итно укинување или намалување на…
СДСМ денеска ја повика Владата итно да…