Апасиев за двојазичните униформи повика на непослушност – полицајците да одбијат да ги облечат новите униформи

t

Лидерот на Левица и пратеник во македонското Собрание, Димитар Апасиев, денеска во неколку објави на Фејсбук изнесе аргументи против воведувањето на двојазичните полициски униформи за кои Левица поднесе иницијатива пред Уставниот суд кој досега не реагираше по истата.

– Вистински професионален ПОЛИЦАЕЦ, кој се заколнал на служба на народот, Уставот и законите – ОДБИВА да облече ваква противуставна униформа која потсетува на окупациона зона, а не на унитарна Република.

Ова е почетокот на кантонизацијата која ја воведе СДС, а ја премолчи ДПМНЕ.

#МакедонскаПолиција – пишува Апасиев кој потоа објаснува дел од аргументите кои Левица ги наведува во нивната иницијатива пред Уставниот суд.

– Компаративно-правната анализа заклучува дека најголемата група европски и светски држави користат исклучиво САМО ЕДЕН ОФИЦИЈАЛЕН ЈАЗИК на полициските и воените униформи (пр. Албанија, Естонија, Латвија, Литванија, Португалија, Полска, Романија, Словенија, Хрватска, Франција, Шпанија и Шведска).

Во помал број земји, покрај официјалниот државен јазик се користи и АНГЛИСКИОТ, како светски lingua franca во нашево совремие (пр. Ерменија, Грузија, Грција, Унгарија и Црна Гора).

Речиси единствен пример на повеќејазични униформи во разни делови се среќава само во Босна и Херцеговина – како пример на нефункционална западнобалканска федеративна држава!

Венецијанската комисија, во своето мислење наведува: „Што се однесува, пак, до службените униформи, ретко е да се најде повеќе од еден јазик на нив (без разлика дали е тоа униформи на полицијата, војската, пожарникарите или здравствените работници)“! – напиша Апасиев на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пијан полицаец направи хаос во Варшава

Маж, за кој подоцна беше утврдено дека…

Сакал да поткупи полицаец со 50 евра,…

Жител на сеото Бузалково, Скопско сакал да…

Полицијата досега уапси три лица во Србија…

Полицијата досега уапси три лица во Србија…

Приведено лице по распишана потерница за доиздржување…

Денеска (08.12.2023) полициски службеници од Полициската станица…

(Видео) 50 полицајци повредени за време на…

Околу 50 полицајци се повредени како последица…