Албанската полиција нуди награда од 100.000 евра за информација за нападот врз Топ чанел
Албанската полиција ги повика граѓаните да достават информации поврзани со пукањето врз телевизијата Топ чанел во Тирана, при што беше убиен 60-годишниот чувар, Пал Кола.
– Полицијата нуди награда од 100.000 евра за секоја вредна информација која би довела до откривање на сторителите, јави Топ чанел.
Управата на полицијата во Тирана објави детали од истрагата за случајот.
Според официјалните информации од албанската полиција, констатирани се оштетувања на фасадата на зградата во која е сместена телевизијата Топ чанел, како и на два автомобила паркирани во дворот на објектот.
Возилото на сторителите беше снимено од безбедносните камери во околината, а е пронајдено запалено во близина на Голем, во кое биле и три автоматски пушки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…
Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…
Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…
Двајца пензионери пријавиле дека 39 годишник ги…
Две повозрасни лица биле физички нападнати на…
Уапсен 19 годишник од Куманово, полицијата му…
На 02.06.2026 во 18:50 часот во Куманово,…
Спречена тешка кражба во РЕК Битола, приведени…
Утрово во 03:00 часот во кругот на…