Добро утро со Инфомакс: Чинам треба да сториме сè да ја заболи Европа, да се свести дека и другите поробени луѓе имаат право на живот и слобода
Петар Манџуков е македонски револуционер, просветен работник, анархист, еден од основачите на Македонскиот таен револуционерен комитет во Женева, како и соработник на илегалните весници „Отм’штение“ и „Глас“. Бил учесник во четата на Гоце Делчев. Бил ценет автор на мемоарска белетристика. Позната е неговата мемоарска проза „Предвесници на бурата“.
Добро утро Македонци, во продолжение ви пренесуваме една мисла од Петар Манџуков.
„Нашиот несреќен македонски народ е изложен на безброј несреќи и понижувања од Турците… Далеку позагрижувачки е поведението на Европа, која за сметка на своите сомнителни интереси го заборава својот долг кон еден мал народ во срцето на светот. Ми се чини дека нашата должност во моментот е борбата да ни биде свртена кон таа Европа, која одлучува за судбината на нашиот народ, а потоа борбата со Турците ќе биде беспредметна. Чинам дека треба да сториме сè, да ја заболи Европа, удирајќи ја по џебот за да се свести дека и другите поробени луѓе имаат право на живот и слобода… македонскиот народ… не може да се ослободи со едно востание… Ние сакаме да жртвуваме сопствени, а не народни животи… Ние сакаме повремено да предизвикуваме судири… и преку нашата крв да го свртуваме вниманието и симпатиите на човекољубивата Европа… македонското прашање ќе може… да се реши само ако ние, водечките Македонци… постојано предизвикуваме безредици.”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европа се соочува со нов раст на…
Европа повторно се соочува со летен топлотен…
Европа ги зголемува армиите: Германија достигна највисок…
Германија значително го зголемува бројот на припадници…
„Кинезите нè јадат за појадок“: Германската автомобилска…
Во разговор зад затворени врати со висок…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Иранска терористичка мрежа врбува млади за убиства…
Мрежата Фокстрот е организирана криминална група поврзана…