Нови маки за Јуве: Ќе бидат казнети со одземање на 25 бода!?
Најтрофејниот италијански клуб Јувентус се наоѓа во уште полоша ситуација, зашто одземените 15 бодови за оваа сезона нема да се единствената казна поради аферата со фиктивен буџет и трансфер малверзации, зашто сега отворен е нов предмет со кој торинскиот гигант може да се соочи со одземање на уште двојно повеќе бодови.
Според „Кориере дело Спорт“, федералниот јавен обвинител го истражува Јувентус за „финансиски маневри“, односно избегнување на исплата на побарувања кој фудбалери и менаџери за новните провизии, откако се појавија јавно сериозни побарувања од низа ѕвезди од Кристијано Роналдо до Пауло Дибала како последен.
И според италијанскиот весник ако се покаже дека овие „маневри“ биле со цел да се изигра финансискиот фер-плеј и законските регулативи, допрва Јувентус го чека тешка задача. Но, првата им е на 19 април во жалбената постапка за 15-те одземени бода за кои се надеваат дека ќе им бидат вратени поради процедурални грешки во постапката.
Но, за новиот случај со малверзациите, веќе медиумите најавуваат казна од 30 до 40 бодови. Најверојатно ваква казна Јувентус нема да го зафати во оваа сезона, ама може да биде донесена на почеток на идната сезона или некаде пред крајот на оваа 2023 година, со што повторно силно би ги разнишале амбициите на клубот, како за титулата, така и за излез во ЛШ, а со тоа финансиската оштета би била милионска зашто не би ги имале десетиците милиони евра сигурен приход за настап во европската елита.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мухамед Зеќири доби вкупно 19 месеци затвор…
Една година и седум месеци затвор е…
ТРАМП ГИ ОЛАБАВУВА САНКЦИИТЕ КОН РУСИЈА: Индија…
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп привремено…
Полициски час во делови од Париз и…
По протестите и немирите, властите во Париз…
ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ СТАНУВА ПОМОРСКО БОЈНО ПОЛЕ: Најмалку…
Безбедносната ситуација во Ормускиот Теснец дополнително се…
ПУТИН ПРЕДЛОЖИЛ ТАЕН ДИПЛОМАТСКИ МАНЕВАР: Трамп, Путин…
Рускиот претседател Владимир Путин предложил одржување трилатерален…