Шаќири со апел до младите да се запишуваат во средните стручни училишта и да ги избираат техничките факултети
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со Олег Стефановски, полуматурант во основното училиште „Браќа Миладиновци” во Скопје, кој својата иднина ја гледа работејќи во областа на информатичко-комуникациските технологии, како 3Д-дизајнер на игри.
Средното образование ќе го продолжи во училиште акредитирано за работа по ИБ-програма, а високото на некој од факултетите кои нудат студиски програми од областа на информатичко-комуникациските технологии.
Како што информира Министерството за образование и наука, министерот Шаќири на средбата му посака успех во остварувањето на личните и професионалните планови и цели, потенцирајќи дека институциите на системот се залагаат да ја зајакнат поддршката за образование и вработување на младите.
-Олег е талентиран ученик кој знае која област на учење и работа може да му овозможи добра иднина. Сака да биде програмер, односно избира една од најперспективните професии. Се разбира освен во ИТ-секторот, квалификуван кадар недостига во речиси сите други струки. Затоа, мојот апел до младите е при изборот на образование, без разлика дали е средно или академско, да се водат од податоците за тоа што е потребно на пазарот на трудот. Тоа е основен предуслов за понатамошен успех, рече Шаќири по средбата.
Министерот информираше дека во Конкурсот за упис во средно образование во учебната 2023/2024 година се предвидени 259 дуални паралелки со вкупно 6475 ученички места, а наставата ќе се реализира во соработка со над 500 компании, додека консултациите за конкурсот за упис во високо образование се во тек и таму, исто така, предност за повеќе слободи места ќе им се даде на техничките факултети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…