Видео-обраќање на Столтенберг: Македонија ја целосната заштита на НАТО
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во своето видео обраќање на Одбранбениот форум 2023, пред присутните истакна дека Македонија активно придонесува кон колективната безбедност, има место и рамноправен глас на масата на НАТО и ја ужива целосната заштита на Алијансата.
„Денес, Македонија има место на масата на НАТО, рамноправен глас во нашите дискусии и ја ужива целосната заштита на НАТО Алијансата. Неодамна, Македонија се соочи со намерни и континуирани хибридни напади, вклучувајќи закани со бомби и сајбер напади. Но, вие не бевте сами. Експерти на НАТО отидоа во Скопје за да споделат информации и да обезбедат техничка поддршка. Ова е конкретен пример за придобивките од НАТО. Членството, исто така, помага да и се даде на Македонија Стабилност што е основа на економскиот раст и помага да се шири безбедноста во Западен Балкан. Македонија, исто така, ја зголемува безбедноста на нашата Алијанса, придонесувајќи со војници во нашите борбени групи во Бугарија, Латвија и Романија и ги поддржува нашите мисии во Косово и Ирак. Ние сме семејство на демократии посветени да се бранат едни со други. Сите за еден и еден за сите“, рече генералниот секретар на НАТО, Столтенберг во своето видео обраќање.
На Одбранбениот форум има над 250 присутни, а со свое обраќање во петте панели имаат претставници од Македонија, СР Германија, Белгија, Словачка, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина и други земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Руте ги прозва Европејците: Чекате Америка да…
„Зошто сите повторно се свртуваат кон САД…
Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…
Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…
Адмирал на НАТО: Силите на Алијансата се…
Силите на НАТО се подготвени за потенцијален…