Украинското жито сигурно ќе поминува низ Полска најмалку до јули, за потоа не се знае
Украинското жито ќе има дозвола само за транзит низ Полска „најмалку до јули“, изјави денеска полскиот заменик министер за земјоделство, Јануш Ковалски.
Украинско-полскиот договор за жито е првиот чекор во решавањето на земјоделската криза во Полска поради големиот прилив на евтино украинско жито во Полска, рече Ковалски.
„Сите производи мора да поминат низ Полска, но не смеат да им наштетат на полските земјоделци и производители и на тој начин да предизвикаат криза со храна, рече тој.
Полските земјоделци протестираа против големиот прилив на украинско жито бидејќи го сметаат за закана за нивниот домашен пазар, објави „Киев Индипендент“.
Евтиното украинско жито го преплави пазарот на ЕУ од почетокот на рускиот напад, а со помош на ЕУ се избегнати царините и увозните квоти со цел украинскиот земјоделски сектор да се одржи функционален.
Ниските цени на житото беа примамливи за локалните купувачи и трговци, оставајќи ги настрана локалните производители. Несогласувањето меѓу двете земји беше решено за време на посетата на претседателот на Украина Володимир Зеленски на Полска на 5 април.
„Разговаравме за прашања кои се однесуваат на полските и украинските фармери. Најдовме решение“, рече тогаш Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: Русија и Украина се заинтересирани за…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
ЕУ отпушта 3 милијарди евра за Украина…
Амбасадорите на земјите од ЕУ потврдија дека…
Русија нападна десет украински региони за една…
Во изминатите 24 часа руските сили нападнаа…
РУСКИ ДРОН УБИ СВЕШТЕНИК ВО УКРАИНСКИ МАНАСТИР…
Руски FPV-дрон удрил во манастир во селото…
(Видео) Масовен напад со дронови врз Москва,…
Москва и поширокиот московски регион во текот…