Студентски отпор: Пари за функционерите има, за студентите нема!

t

Во ситуација каде што МОН и Владата континуирано тврдат дека „од наредниот месец“ ќе се исплаќа навремено субвенциониран студентски оброк и стипендии, кога студентите од минатата академска не се обештетени поради „правни процедури„ – многу брзо се сложија дека покачување на нивната плата за 78% треба да има, реагираат од Студентски отпор.

-Оваа е последна во долга континуирана низа на постапки каде што надлежните институции со дела покажуваат дека за студентите, средношколците, младите воопшто не им се приоритет. Особено во споредба со полнење на сопствените џебови. Студентите ќе слушаат предавања во со децении стари, не реновирани објекти, ќе плаќаат илијадници денари во скриени трошоци секој семестар, ќе бидат жртви на легална корупција од страна на партиски обоени професори, но затоа за децата на Јетон Шаќири со новото покачување, ќе имаат доволно средства за уште едно ламборџини, се вели во соопштението на Студентски отпор.

„Стипендиите повторно доцнат, МОН повторно нема слух, факултетите се распаѓаат, кадар недостасува, имаме неверојатен одлив на мозоци – но најважното од се јавните функционери си ја покачија платата за 78%. ДО КОГА ЌЕ ТРПИМЕ ВАКВИ РАБОТИ ДРАГИ НАШИ КОЛЕГИ, ДО КАДЕ НИ Е ПОЛНА ЧАШАТА?“ – порачуваат студентите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…