Добро утро со Инфомакс: Ете, о свете, погледај — идат тирани нови крв да ти пијат

t

Никола Крстев Неделков е роден во селото Војница, близу Велес, 1912 година во сиромашно земјоделско семејство. Основно училиште завршил во селото, а гимназија учел во Велес, но морал да го прекине образованието поради сиромаштија.

Поради револуционерната активност бил прогонуван од великосрпскиот режим и во 1933 година пребегал во Бугарија. Во Софија, 1938 година на страниците на „Илустрација Илинден“ објавена е неговата прва песна „Стојан војвода“ („Стојан на Ордановци“). Една година подоцна, станува член на Македонскиот книжевен кружок заедно со Никола Вапцаров, Антон Попов, Ѓорѓи Абаџиев, Венко Марковски и други македонски револуционерно-книжевни дејци.

Добто утро Македонци, уживајте во “1941” на Коле Неделковски:

1941

Врчат се дните, години летат,
крвави бразди по ниф се вијат,
полни со екот од злоба жолчна,
плачеви, солзи од болка вечна.

А с мотка страшна народот вика,
од очи лута пизма му блика —
врвете еј, не вртете глава,
чекаме друзи — гордост и слава!

И се па уште здивени, бесни
креваат вик за времиња лесни,
со страшна врева небо ке урнат
за мачен народ превда да турат.

Викнале, пиштат со сиот печат —
За кого сега радост па готват,
за вас ли мајки, с немокни чеда,
што векот солзив’ живот ви глода.

За вифнат крај ли со небо сроден,
разлеал вулкан лутина своа,
ели за народ обосел, гладен,
со жал се сака помоќта срамна.

О, пир да сторат требало славен
западни кони со кумур срамен —
народи цели во мрак да фрлат
во пот и солзи за да се скапат.

„Еве ви, браќа, жени и ќерки,
светли и чисти роснени капки —
јадете, пите, души насладете
и си бујни страсти усмирете.

Европа сета вас ке ве слави,
венци ке китат вашите глави, —
нашите срца за спомен вечен,
ке носат дните на светоф срекен“.

Крвници клети — па што да сторат!
в животот кога само си горат,
народни коски само да глодат,
плачеви, пепел сегде да гледат.

Па кој низ светоф расеа смртта
с мрачи му дните-ширина црна,
па кој со злоба насрчи стрфта,
за гнабеж по виделина сјајна.

Ете, о свете, погледај — идат
тирани нови крв да ти пијат,
со бујни химни в сон да те стават,
со тешки лаги за да те ранат.

Но само една песна ти знаеш —
векови што се пеале — пеат,
и сега в будно срце ја пазиш —
тирани в борба за да си згазиш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…