Буре без дно, вака се уништува македонското ткиво: И Торбешите бараат да бидат внесени во Уставот
Торбешите во Македонија бараат да бидат дел од Уставот, со внесувањето на бугарската, хрватската и еврејската заедница. Ова денеска го истакна поранешниот пратеник и член на здружението „Торбешки мост“, Рејхан Дурмиши.
-Ние како торбешко здружение имаме и официјално поднесено барање до Владата и сите други релевантни фактори за вметнување на Торбешите на Преамбулата и ги поддржуваме сите намери на сите добронамерни луѓе. Го поддржуваме процесот за промена на Уставот со проширување на Преамбулата и внесување на други етнички заедници. За да оди Македонија напред во ЕУ, мора да има политички консензус по ова прашање и сметаме дека е добро да се случат, но притоа да не наштетат на никој. Најпрвин македонскиот народ да си го заштити идентитетот и јазикот, но да се прошири Преамбулата со другите заедници кои не се дел од Уставот, кажа Дурмиши во емисијата „Студио 10“.
Според него, по сите параметри и критериуми, Торбешите се првите што би требало да влезат во новиот Устав.
-Торбешката етничка заедница е трета по бројност во Македонија, но од разни причини низ времето, бројката се намалувала, што се покажа на последниот попис. Сега е можноста и шансата и за сите други што не се ставени и да се заокружи целата Преамбула, кажа Дурмиши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Мицкоски од Вашингтон: Кој гарантира дека…
Кој ни гарантира дека внесувањето на Бугарите…
Гаши: Промена на Уставот што побргу, но…
Новиот спикер на Собранието Африм Гаши вели…
(Видео) Апасиев: Имаат „дил“ да го сменат…
На најголемиот христијански празник ДПМНЕ пушта дип-фејкови.…
Ристовски до ВМРО-ДПМНЕ: Погубен е граѓанскиот Устав…
Погубна е реториката „народот на Македонија" наместо…
(Видео) Јакимовски од Гостивар: Сите кои поддржувате…
Претседателскиот кандидат на коалицијата „Храбро за Македонија“,…