Време е за елитен фудбал: Манчестер Сити се ,,остри” за Баерн, Бенфика сака да ја продолжи одличната серија во ЛШ против милански Интер
Вечерва се играат два натпревари од четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), а најмногу внимание привлекува дербито меѓу Манчестер сити и Баерн Минхен, додека во вториот меч ќе играат Бенфика и Интер.
Манчестер сити нема пораз на последните 10 натпревари во сите конкуренции, додека Баерн запиша седум победи и три порази и се очекува возбудлив фудбал на „Итихад“.
Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола не може да смета на Фил Фоден во овој натпревар, но сите останати фудбалери ги има достапни за дербито. Томас Тухел, од друга страна, вечерва не може да смета на Ерик Максим Чупо-Мотинг кој се повреди.
Бенфика ќе ја има фаворитската улога вечерва против Интер, кој не оствари триумф на последните шест меча во сите натпреварувања, а португалските медиуми пишуваат дека домаќинот не може да смета на Џулијан Драклсер, Александар Бах, Гонзало Гедеш, Отаменди и Михајло Ристиќ.
Во стартниот состав на Интер најверојатно нема да биде Ромелу Лукаку, а исто така е познато дека Симоне Инѕаги ќе не може да смета на Милан Шкрињар и Хакан Чаланоглу.
Првите натпревари од четвртфиналето се играат вечерва од 21 часот, додека реваншот е на 19 април.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сообраќајна несреќа во Аеродром, едно лице е…
Сообраќајна несреќа се случи попладнево во Аеродром…
„Водовод“ со апел: Да не се троши…
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира…
Хакери тврдат дека збришале 90 милиони долари…
Хакери кои веројатно имаат врски со Израел…
Килијан Мбапе итно хоспитализиран во САД
Реал Мадрид донесе одлука да го префрли…
Малку пари биле – Нотарите бараат зголемување…
Нотарите бараат зголемување на дел од тарифите,…