Трагедија вечерва во Скопје, домашно куче уби осумгодишно дете

t

Доцна вчеравечер, околу 23.30 часот во населбата Пинтија во Кисела Вода малолетно дете на возраст од осум години го загуби својот живот откако врз него насрнале кучиња од расата „Блу Мастиф“.

Според првичните информации, детето се приближило кон дворот каде било чувано кучето од страна на приватен сопственик, по што било нападнато.

Од здобиените повреди детето било префрлено во Градската Болница каде починало.

На местото на настанот излезен е јавен обвинител, како и екипи на МВР кои се обидуваат да го заловат кучето. Кучето е во сопственост на приватно лице, за што има и соодветна документација.

Контролата за опасни сорти на кучиња и домашни миленици кои се документираат преку чипирање или бележење, ја има исклучиво Агенцијата за храна и ветеринарство и МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

„Деко се криел во скривница додека децата…

Газда Деко се криел доле во скривница…

„Ви укажавме кои се, а не сте…

Ние тука родителите не сме правници, соопштението…

(Фото) Уште хермелини да донесеа – Запленети…

Запленети возила повторно се паркирани пред полициската…

Не ги убивајте нашите деца уште еднаш…

Јавен повик од семејствата на загинатите во…