Ѓоковиќ пред голем предизвик против ривал кој последните три сета ги доби со 6-0!
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ќе го одигра мечот од осминафиналето на во Монте Карло и тоа против Италијанецот Лоренцо Мусети, кој можеби не е познат за пошироката јавност, но кој на овој мастерс-турнир игра – феноменално.
Тој со пресметката со најдобриот на денешницата стигна без загубен сет во дуелите со Миомир Кезмановиќ и Лук Нарди, а што е импресивно е фактот што три од четирите сета ги доби со фантастични 6-0.
„Морам да бидам подготвен за пресметката со најдобриот во светот, а не против тенисер кој се уште се прилагодува на игра на земјени терени. Морам да излезам храбар на теренот и да не се исплашам од величината која ќе биде на другата страна. Ако го сторам тоа, ќе може да го победам Ѓоковиќ“, изјави Мусети.
За Србинот ова е прв турнир по тој во Дубаи пред еден месец, а фактот што првпат по подолго време игра на земја се виде и во стартниот меч против анонимниот руски тенисер Иван Гахов, кого го доби потешко од очекувањата.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заврши гласањето: Затворени избирачките места во општина…
Заврши гласањето во општина Брвеница, затворени се…
Карни потврди четворица загинати војници во базата…
Канадскиот премиер Марк Карни потврди дека четворица…
(Видео) Нови судири со полицијата на шестиот…
Протестите во главниот град на Албанија, Тирана,…
Трамп не исклучува вонредни мерки пред изборите:…
Американскиот претседател Доналд Трамп одби да ја…
„Албанија што гори е Албанија на сите…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изрази длабока…