Објавено на:

Ги малтретираа жената и децата: Црногорските специјалци упаднале во погрешен стан во Цетиње

t

Специјалци во Црна Гора случајно упаднале во станот на ракометниот судија Богдан Калуѓеровиќ во Цетиње.

Влегле во погрешен стан бидејќи на влезната врата каде живее со сопругата и двете малолетни деца пишувало презиме Калуѓеровиќ, но тие го барале Ненад Калуѓеровиќ, пишува црногорски Вијести.

„Утрово во 6 часот и 45 минути по чукањето ја отворив вратата, по што полицајците упаднаа во станот. Ме малтретираа во присуство на моите малолетни деца и мојата сопруга“, изјавил ракометниот судија за Радио Цетиње.

Калуѓеровиќ најави дека ќе поднесе кривична пријава против специјалците. Калуѓеровиќ додека давал изјава за радио Цетиње бил на лекар со своите деца, кои претрпеле стрес, пренесува Вијести.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…

Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…

Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…

Во текот на изминатото деноноќие на целата…

Двајца пензионери пријавиле дека 39 годишник ги…

Две повозрасни лица биле физички нападнати на…

Уапсен 19 годишник од Куманово, полицијата му…

На 02.06.2026 во 18:50 часот во Куманово,…

Спречена тешка кражба во РЕК Битола, приведени…

Утрово во 03:00 часот во кругот на…