ДВЕ ГОЛЕМИ ПОЛИЦИСКИ АКЦИИ ВО ТЕК: Запленети големи количини дрога!
Огромни количини дрога се запленети во полициски акции во кавадаречко и битолско.
Станува збор за две полициски акции во кои е запленета огромна количина марихуана.
Од МВР потврдуваат дека се во тек полициски акции, но детали најавуваат по нивното завршување.
Денеска пак полициски службеници од ОВР Делчево при СВР Штип ги лишиле од слобода А.М.(24) и Д.И.(24) од Делчево.
Имено, по преземени мерки и активности, со судска наредба полициските службеници извршиле претрес во домот на С.М.(24), при што пронашле и одзеле марихуана. Истиот ден, по судска наредба, извршен бил претрес на дом и други простории во кои живее Д.И.(24) во Делчево, при што биле пронајдени и одземени две ќеси со марихуана, кутија со остатоци од марихуана и дробилка. При преглед на патничко возило „ауди”, пак, сопственост на Д.И., била пронајдена и одземена уште една ќеса со марихуана.
Двајцата биле приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…
Оти вие не знаете, на сета мака…
(Видео) НЕ ГИ ШТИТЕТЕ УБИЈЦИТЕ, НЕ СМЕ…
Не сме глупави, нема да молчиме, не…