Објавено на:

Барнли го меркал Дук од Абердин, ќе се најде ли Премиерлигаш и за Миовски?

t

Напаѓачкиот тандем на Абердин, Бојан Миовски и Луиз Енрикеш де Барош Лопеш, попознат како Дук, во последниов период се хит во шкотското првенство и прашање беше само на време, кога некој од поголемите клубови од Велика Британија ќе загриза.

Најпопуларниот новинар за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо, попладнево информира дека за Дук бил заинтересиран тимот во кој настапува нашиот Дарко Чурлинов и кој е веќе сигурен патник во англиската Премиерлига за следната сезона. За Дук бил заинтересиран и Блекбурн, кој исто така има амбиции за враќање во Премиерлигата и Хал, кој се наоѓа во долниот дел од табелата на Чемпионшип дивизијата.

Дук е четврти стрелец во шкотската Премиерлига, со 16 гола, а Миовски е шести, со еден помалку. Покрај екипте од Островот, заинтересирани и за двајцата има и меѓу калчолигашите, конкретно Специја и Болоња.

Дук има 23 години и дојде во Абердин од екипата на Бенфика, исто како и Миовски, во последниов летен преоден рок. Тој е роден во Лисабон, но настапува за репрезентацијата на Зеленортската Република.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…