Воска и Нефи се плашат од скопските навивачи и поддршката која ќе ја добие Вардар: „Комити“ порачаа – ДОАЃАМЕ
Фудбалскиот клуб Воска Спорт достави допис дека нема да дозволи присуство на навивачката група Комити на нивниот меч против Вардар, но фановите на црвно-црниот тим немаат намера да го почитуваат тоа.
Мечот меѓу Воска и Вардар е еден од клучните во Втората лига оваа сезона, а домаќинот испрати известување дека нема да ги прими Комитите на трибините за овој натпревар кој се игра на стадионот „Билјанини Извори“.
Комитите експресно ја одбија забраната и најавија инвазија на Охрид.
„ЗАБРАНАТА Е ОДБИЕНА!
Аматерските, необјективни и тенденциозни одлуки, со цел забрана за гостински навивачи, ги одбиваме во целост!
Постои само една одлука, која стапува на сила веднаш, а тоа е: ИНВАЗИЈА НА ОХРИД!
Натпреварот против Воска е финалето на целата сезона, на целата наша борба. Ние сме Вардаровото најсилно оружје, затоа, мобилизација!
Да не дозволиме поигрување со групата – да бидеме со Вардар кога е најпотребно. Нема никој да ни забрани!“, стои во реакцијата на Комити.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мухамед Зеќири доби вкупно 19 месеци затвор…
Една година и седум месеци затвор е…
ТРАМП ГИ ОЛАБАВУВА САНКЦИИТЕ КОН РУСИЈА: Индија…
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп привремено…
Полициски час во делови од Париз и…
По протестите и немирите, властите во Париз…
ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ СТАНУВА ПОМОРСКО БОЈНО ПОЛЕ: Најмалку…
Безбедносната ситуација во Ормускиот Теснец дополнително се…
ПУТИН ПРЕДЛОЖИЛ ТАЕН ДИПЛОМАТСКИ МАНЕВАР: Трамп, Путин…
Рускиот претседател Владимир Путин предложил одржување трилатерален…