“Не за НАТО”: Протести во Шведска, демонстрантите бараат неутралност
Со транспаренти „Не за НАТО“ и „Стоп Аурора 23“, околу 2.500 луѓе денеска протестираа во центарот на Гетеборг против членството на Шведска во Северноатлантската алијанса.
Демонстрантите повикаа на почитување на традиционалната надворешна политика на земјата и зачувување на неутралноста, извикувајќи пароли „Нема војник, нема пиштол, нема круна за армијата на НАТО“, пишува весникот „Гетеборг постен“.
„Ние апсолутно не сакаме да се приклучиме на оваа војна на суперсилите што се води меѓу Америка, Кина и Русија, каде што стануваме само вазална држава во политичката игра на големите сили“, рече Гунел Берге, демонстрант и еден од организаторите на Комитетот за мир во Гетеборг.Според соопштението на полицијата, протестите поминале мирно, а собирот го нарушил работењето на две линии на јавен превоз, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
Романскиот претседател повика на посилен надзор на…
Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…
Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…
Интензитетот на нападите во Црното Море се…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…