Објавено на:

Грција е најзадолжена во еврозоната, најмалку Естонија

t

Најголем државен долг во земјите на Европската Унија во четвртиот квартал од 2022 година е регистриран во Грција, а потоа следуваат Италија, Португалија, Шпанија, Франција и Белгија, објавуваат медиумите во регионот.

Долгот на еврозоната во истиот период изнесувал 91,6 отсто од нејзиниот БДП, што е за 4,1 отсто помалку отколку на крајот на третиот квартал, објави Евростат. Во четвртиот квартал претходната 2021 година долгот на еврозоната бил на ниво од 95,5 отсто од нејзиниот БДП.

Долгот на Европската Унија во која сите членки не се дел од еврозоната, во четвртиот квартал лани изнесувал 84 отсто од нејзиниот БДП, што е помалку во односн на претходниот квартал кога изнесувал 85,1 отсто.Во споредба со четвртиот квартал во 2021 година, долгот на ЕУ се намалил за четири отсто.

Најдобар резултат забележала Естонија, а најголем државен долг имала Грција 171,3 отсто од БДП, потоа Италија-144,4 проценти, Португалија-113,9 отсто, Шпнаија-113,2 отсто, Франција-111,6 отсто и Белгија -105,1 отсто.

Во Естонија државниот долг изнесувал 18,4 отсто од БДП, во Бугарија 22,9 отсто, а на трето место е Луксембург со 24,6 отсто од БДП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…

ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…

Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…

Мерц бара значително намалување на буџетот на…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…

Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…

Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…