Неверојатно: Лекари ѝ извадиле циста од 100 килограми на 24-годишна девојка
Лекари во Полска извадиле 100 килограми тешка циста на јајниците на 24-годишна пациентка, соопшти Универзитетската болница во градот Жешов.
Големината на цистата беше околу еден метар, изјави гинекологот д-р Ана Богачик, пишува Index.hr.
Според информациите, пред една недела во болница се пријавила девојката со висина од 158 сантиметри и тежина од 182 килограми. Прегледот бил исклучително тежок, бидејќи пациентката не можела да се смести во скенерот, велат лекарите.
„Како медицински тим, генерално знаевме за што станува збор“, изјавил началникот на гинекологија – Томас Клуз.
За време на операцијата, лекарите извадиле околу сто литри течност, а потоа ја отстраниле цистата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Полска покажува подготвеност за конфронтација
Москва ја гледа јасната подготвеност на Полска…
Новоизбраниот полски претседател: Русија е посткомунистичка држава…
Новоизбраниот претседател на Полска, Карол Навроцки, изјави…
Мицкоски: Се рангираме во петте најбрзо растечки…
Во првиот квартал на 2025 година, реалниот…
Полскиот премиер одби техничка влада – ќе…
Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека…
Тетовските медицински сестри три месеци без плата…
Десетици медицински сестри и техничкиот персонал од…