Четворица државјани на Македонија евакуирани од Судан со помош на Саудиска Арабија
Информираме дека во текот на вчерашниот ден, од Судан, кој е зафатен со воени судири, беа евакуирани четири државјани на Република Македонија. Евакуацијата е реализирана со асистенција на Саудиска Арабија, за што упатуваме искрена благодарност, соопштија од Министерството за надворешни работи.
Евакуираните граѓани на Република Македонија во моментот се наоѓаат во градот Џеда, Саудиска Арабија. Нашата амбасада во Абу Даби е во постојана комуникација со тамошните власти, во насока на нивно враќање во Македонија. До сега се евакуаирани вкупно 4879 лица, од кои 139 се Саудијци, а другите се од 96 земји од целиот свет, меѓу кои и од Европа, САД, а од нашиот регион освен Македонија, се и Грција и БиХ.
Министерството за надворешни работи со внимание го следи развојот на состојбите во Судан и е во комуникација со држави кои имаат свои дипломатски конзуларни претставништва во земјата.
Во оваа прилика апелираме доколку има наши државјани кои се наоѓаат во територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Македонија во Абу Даби на следниот телефонски број +971 56 441 7532 и е-мејл адреса [email protected], Амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро на следниот телефонски број +201033615542 и е-мејл адреса [email protected], како и Министерството за надворешни работи на СОС телефонот + 389 75 273 732 и следната е-мејл адреса [email protected]
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тирана реагира зошто не се интонирала и…
Министерството за Европа и надворешни работи на…
Во Пустец ќе се одржи македонскиот фолклорен…
Под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски, на…
Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…
Македонците по потекло од селото Ербеле, областа…
Македонски национален совет: Споменикот „Мајка Македонија“ не…
Македонскиот национален совет објави дека иницијативата за…
(Фото) Македонци во Пефкохори останаа без регистарски…
Во Фејсбук групата „Грчка Инфо“ е објавено…