Објавено на:

Одбојкарките на Работнички старо-нови шампионки – ја одбранија двојната круна

t

Одбојкарките на Работнички се старо-нови шампионки на Македонија и ја проидодадоа новата шампионска титула на трофејот во Купот сезонава, одбранувајќи ја ланската двојна круна и потврдувајќи ја доминацијата во женската одбојка.

Вечерва Работнички славеше по тај-брејк со 3-2 во сетови (25-20, 25-17, 19-25, 19-25, 15-5) против Јанта Волеј во четвртиот меч од финалето за трета победа (3-1) во серијата и шампионска круна. Пресуди убедливиот тајбрејк во кој практично го прегазија ривалот со 15-5, откако Јанта Волеј се врати во мечот во третиот и четвртиот сет.

Шампионките тргнаа одлично во мечот, ги освоија првите два сета со 25-20, па 25-17, но Јанта Волеј не се предаде за експресно да го загуби мечот и возврати со два идентично добиени сетови со 25-19, по што се влезе во тај-брејкот, каде стартното водство за Работнички од 4-0 само го олесни патот кон титулата.

Работнички покрај 16-те шампионски титули има и 14 освоени купови.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници…

Со нови проекти, нови производствени капацитети и…

Почна пријавувањето за студии на УКИМ, слободни…

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска…

Дрога пронајдена при претрес кај 47-годишен прилепчанец

МВР информира дека рано утринава во 01:00…

Минималната плата во Бугарија во 2027 година…

Минималната плата во Бугарија за 2027 година…

ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на државно…

„Повторно се изведуваат градежни работи на објектот…