Објавено на:

Француските синдикати тврдат дека вчера во Франција протестирале 2,3 милиони луѓе!

t

Најмалку 108 полицајци и жандарми се повредени вчера во Франција за време на судирите на протестите против пензиските реформи, објави „Франс прес“, повикувајќи се на францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманен. Низ земјата се уапсени 291 лице, од кои 90 во Париз.

Стотици илјади Французи вчера повторно протестираа против пензиската реформа. Според МВР, на улица излегле околу 800.000 луѓе, според синдикатите – над 2,3 милиони луѓе.

Авиосообраќајот беше нарушен, при што 25 до 33 отсто од летовите беа откажани на главните француски аеродроми поради протестите против реформите.

Во Париз, традиционалната првомајска поворка започна во 14 часот по локално време од „Плоштадот на нацијата“, а таму учествуваат претставници на синдикатите од целиот свет.

За 1 мај во земјата се мобилизирани 12.000 полицајци и жандармерија, од кои 5.000 во Париз. Таму во еден момент полицијата мораше да употреби солзавец бидејќи протестите против пензиската реформа станаа насилни. Солзавец беше употребен и во Нант.

Ова е 13-ти ден на национална мобилизација против пензиската реформа во Франција.

Откако беше усвоена и обелоденета пензиската реформа, францускиот претседател Емануел Макрон на 17 април објави дека си дава 100 дена да ја смири нацијата. Претходно во текот на неделата, премиерот Елизабет Борн доби задача од него да претстави патоказ на иницијативи насочени кон постигнување на тоа уверување. Борн треба да испрати и покани до синдикатите за консултации за идните активности на властите во областа на социјалното осигурување и пазарот на трудот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масакр во Франција: Момче го уби газдата,…

Трагедија попладнево ја потресе северна Франција, кога…

Францскиот премиер официјално поднесе оставка, се очекува…

Премиерот на Франција, Мишел Барние, формално му…

Три опции за Макрон по падот на…

Францускиот парламент во средата ѝ изгласа недоверба…

Падна Владата во Франција! Левичарите и десничарите…

Француските пратеници ја соборија владата на премиерот…

Ќе падне уште една влада во Европа?

Пратеничките групи на левите и екстремно десничарските…