Наставничка и ученичка жртви на масакрот во Белград денеска на втора операција: Познато каква им е состојбата
Во Ургентниот центар во Белград денеска беа оперирани наставничката по историја и ученичка кои беа повредени во масакрот во средата на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“.
Наставничката Т.С. и една ученичка денеска повторно се оперирани во Ургентниот центар. Според извор запознаен со двете операции, двете интервенции поминале добро. Наставничката и ученичката сега се опоравуваат на интензивна нега.
-Најважно е да се стабилни и се да помние во најдобар ред. Овие операции беа планирани, бидејќи и двете пациентки имаа неколку прострелни рани. Најпрво најважно беше да се санираат оние кои беа опасни по живот. Сега ги решаваме останатите. Наставничката имаше операција на дланката, додека лекарите кај девојчето ја оперираа раката бидејќи имаше неколку рани од куршуми. Од едната и извадија страно тело, открива извор запознаен со денешните операции.
Во средата, на 3 мај, осомничениот ученик Коста К. (13) дошол во ОУ „Владислав Рибникар“ вооружен со два пиштоли испукал 57 куршуми. Во ранецот имал и четири молотови коктели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Успешна револуционерна операција на бебе во…
Лекари извршиле револуционерна операција на неродено бебе…
Уапсен Турчинот осомничен дека ја убил и…
Турски државјанин на возраст од 25 години…
“Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да…
На денешен ден, 16 јуни 1943 година…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Крвав инцидент во центарот на Белград: 26-годишник…
Утрово во центарот на Белград е убиен…