Предлог измените на Уставот ќе бидат изготвени до крајот на јуни

t

Заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ во гостувањето во ТВ24 изјави дека очекува работната група за измени на Уставот да ја заврши работата и да достави предлог до крајот на јуни.

„За месец дена треба да се излезе со тој предлоги верувам дека членовите ќе смогнат сили и до крајот на јуни тоа ќе го остварат“, рече Аврамовска Мадиќ.

Таа посочи дека  земјава го почна патот кон ЕУ, но за да продолжи понатаму неопходно е да бидат направени уставните измени, како што е договорено со преговарачката рамка и скринингот.

„Само уставните измени се патот кон ЕУ. Работната група е формирана од експерти и претставници на политички партии, Министерството за правда ја формираше за да го изготви нацрт предлогот и иницијатива за отварање на Уставот. Нашата препорака е работната група да го изработи тоа што поскоро. За еден месец треба да се излезе со тој предлог и верувам дека работната група од 23 членови ќе го изготват сето тоа до крајот на јуни“,  рече Аврамовска Мадиќ.

Според неа, јавната расправа за сите останати прашања кои ги покренуваат партии или експерти, ќе ја има и ќе продолжи да се дискутира за измени во Уставот и во иднина.

„Во овој момент дискутираме за она што е приоритет за патот кон ЕУ, кажа заменик министерката.

Очекува пратениците да се одважат и да гласаат за потребата да се отвори Уставот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мицкоски од Вашингтон: Кој гарантира дека…

Кој ни гарантира дека внесувањето на Бугарите…

Гаши: Промена на Уставот што побргу, но…

Новиот спикер на Собранието Африм Гаши вели…

(Видео) Апасиев: Имаат „дил“ да го сменат…

На најголемиот христијански празник ДПМНЕ пушта дип-фејкови.…

Ристовски до ВМРО-ДПМНЕ: Погубен е граѓанскиот Устав…

Погубна е реториката  „народот на Македонија" наместо…

(Видео) Јакимовски од Гостивар: Сите кои поддржувате…

Претседателскиот кандидат на коалицијата „Храбро за Македонија“,…