Објавено на:

Зеленски пристигна во Берлин: Ќе бара оружје

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Берлин. Тоа е прва посета на Зеленски на Германија од почетокот на руската војна со Украина во февруари 2022 година.

„Веќе во Берлин. Оружје. Моќен пакет. ПВО. Реконструкција. ЕУ. НАТО. Безбедност“, напиша Зеленски синоќа на Твитер.

Германскиот телевизиски канал N-TV претходно објави дека Зеленски ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц и со претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, а потоа ќе отпатува во градот Ахен за да ја прими наградата Карло Велики.

Берлин во саботата соопшти дека останува многу посветен и сериозен во поддршката на Киев, потврдувајќи дека Германија ќе испрати нов пакет воена помош за Украина во вредност од 2,7 милијарди евра.

Во саботата Зеленски ги посети Италија и Ватикан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев: Војната мора да се реши дипломатски,…

Мора што поскоро да се најдат дипломатски…

Столтенберг го повика НАТО да ги укине…

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја…

Стејт департмент: Америка испраќа оружје во вредност…

Америка денеска објави нов пакет помош од…

Украина ослободи 50 затвореници под услов да…

Судот во областа Хмелницки во Украина ослободи…

Шолц одби да одговори дали Германија ќе…

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска одби да…