Поднесен Обвинителен предлог за узурпација на земјиштето кај Поликлиниката “Бит Пазар”

t

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело „узурпација на недвижности“ согласно член 225 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Двајцата соизвршители, на возраст од 45 и 42 години, заеднички со намера за владение зазеле недвижност во сопственост на државата, која со пропис е прогласена за имот во општа употреба со намера земјиштето да го упортребат за изградба на паркинг, се наведува во денешното соопштение од Обвинителството.

Првообвинетиот, како што се вели во соопштението, ангажирал повеќе непознати лица да ја исечат металната ограда и да ја искршат бетонската конструкција за ограда од дворот на Јавната здравствена установа – Здравствен дом на Скопје – Поликлиника „Бит Пазар“. Притоа, биле уништени и околните грмушки и дрва. Второобвинетиот со багер почнал да го рамни теренот каде осум камиони транспортирале градежен материјал – тампон, кој го растовариле во дворот на поликлиниката. Со багерот, вториот обвинет продолжил да го растура и рамни тампонот низ паркот на болницата до доаѓањето на полицијата.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на определената мерка притвор за првиот обвинет, додека за второто обвинето лице на сила се определените мерки на претпазливост.​​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Живеат во страв за својот живот, маж…

Девојка од Куманово, на својот Инстаграм профил,…

ОЈО бара забрана за предавање за професорката…

Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за…

Осомничените за милионскиот криминал во Лотарија не…

ОЈО проверува дали воопшто има кривично дело,…

ОЈО: Сите осомничени во предметот за ФФМ…

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран…

Украле 3.5 милиони евра и избегале од…

Два цели денови им беа потребни на…