Објавено на:

Абазовиќ: Главна цел на земјите од Западен Балкан е членство во Европската Унија

t

Главна цел на земјите од Западен Балкан е членство во Европската Унија, изјави денеска Дритан Абазовиќ, премиер на црногорската влада во технички мандат и координатор на Министерството за надворешни работи.

Абазовиќ ова го изјави во Будва, каде е домаќин на шефови на дипломатии и високи претставници на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

На состанокот, кој претставува еден од завршните настани во рамките на црногорското претседавање со ПСЈИЕ, присуствуваа, меѓу другите, вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Косово Доника Гервала Шварц, шефовите на дипломатиите на Албанија и Северна Македонија, Олта Џачка и Бујар Османи, генералните секретари на Советот за регионална соработка и Централноевропската иницијатива Мајлинда Брегу и Роберто Антонионе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…

ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…

Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…

Мерц бара значително намалување на буџетот на…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…

(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…

Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…