Објавено на:

Уапсен дрвокрадец во Драчево

t

Полицијата вќера уапсила дрвокрадец кој во атарот на село Елово кај Драчево вршел бесправна сеча на дрва, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Вчера во 15.15 часот во населба Драчево во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода И.Ш.(29) од с.Елово, скопско. Околу 11.00 часот во атар на с.Елово тој бил затекнат при сеча на огревно дрво со моторна пила, а откако ги забележал полициските службеници побегнал. Дрвата и пилата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по преземени мерки И.Ш. бил пронајден и лишен од слобода“, соопшти МВР.

Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разбојничка кражба во Драчево!

На 19.07.2024 во 12.20 часот, полициски службеници…

Маж си ја нападнал сопругата во семејниот…

Четириесет и деветгодишна скопјанка во саботата околу…

(Видео) Велигденски спектакл во Драчево

Драчевчани приредија вистински полноќен спектакл по повод…

Млад скопјанец повреден во парк во Драчево

На 31.03.2024 околу 22.35 часот во Полициската…

Претрес во Драчево, пронајдено оружје

Полициски службеници од СВР Скопје, Единица за…