Борел: Нема пречки за Македонија на патот кон ЕУ!
Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел во изјава за „БНР“ појаснил дека нема пречки за пристапувањето на Македонија во Европската Унија.
На прашањето кои ќе бидат следните чекори на ЕУ доколку до ноември Македонија не признае во својот устав постоење на етничко бугарско малцинство и не ги вклучи Бугарите во својот Устав како државотворен народ, како што е предвидено со т.н француски предлог за почеток на преговори за членство во европското семејство, Борел одговорил:
„ Македонија добро напредува и од европска страна нема ништо што би го блокирало нејзиниот пристап во ЕУ. Во овој пристап строго ќе се почитуваат европските принципи и стандарди. За ова дефинитивно е неопходна добра соработка и регионалната соработка останува суштински елемент, како и стабилизација, за да може да се спроведе процесот на пристапување. Но, билатералните прашања нема да бидат обврзувачки и нема да го одредуваат процесот на пристапување“, рекол Борел за „БНР“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…
Фон дер Лајен предложи нов пакет санкции…
Во вторник, Европската комисија (ЕК) го предложи…