Силно невреме го зафати Скопје: Поплавени улици, откорнати дрвја
Од повеќе делови на градот стигнуваат информации за поплавени улици и паднати дрвја. Граѓани јавуваат дека има паднати дрвја во околината на Транспортниот центар, како и во строгиот центар на градот.
Од УХМР денеска најавија дека попладнево ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
И во недела времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во почетокот на следната седмица ќе настапи преодно стабилизирање на времето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сведок: Обвинетите полицајци од Пробиштип биле испратени…
Полициските службеници Мартин Арсовски и Дарко Милошевски…
Со јајца и зеленчук гаѓан автомобилот на…
Посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула…
Влегол во стан и се обидел да…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.К.(39)…
Велика Британија воведе нови санкции за руските…
Велика Британија воведе нови санкции против руски…
Пукање во близина на Белата куќа: Четири…
Четири лица се повредени во пукање што…