ВМРО-Народна бара оставка од Петровска: Под македонско знаме српскиот државен секретар не нарече „Стара и Јужна Србија“
На 30 јуни во Штип во присуство на локалниот врв на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ како и црковни велкодостојници на Македонската православна црква беше одбележана 110 годишнината од Брегалничката битка и откривање на обновената од страна на Република Србија постоечка спомен плоча, потсетуваат од ВМРО-Народна партија.
На тој начин, како што споменуваат во нивното соопштение, продолжува традицијата што патем ја започна владaта на Никола Груевски со големата прослава на локалитетот Зебрњак во кумановско, да се обновуваат и одбележуваат настаните со кои во време на Балканските војни, Македонија потпаднала под едно од најтешките ропства во својата историја или Српската окупација.
Според нив, интересен е моментот со кој се потврдува фактот дека на нетранспарентен начин помеѓу Македонија и Република Србија е потпишан договор за обновување на сите споменици кои во времето на караѓорѓева Југославија биле изградени на територијата на Македонија, а уште поизненадувачки е фактот дека на сите досега обновени споменици се допишува дека „се срушени во време на бугарската фашистичка окупација“.
„Но најскандалозниот момент е што официјалниот претставник на Република Србија господинот Зоран Антиќ – државен секретар во владата на Република Србија во својот говор Македонија ја нарече „Стара Србија“ и „Јужна Србија“, а сето тоа под знамето на Република Македонија и пред македонски војници и владини и претставници на локалната власт. Оттука ВМРО-Народна партија бара од Министерката за одбрана, поради ваквото грубо рушење на македонскиот суверенитет и идентитет да си поднесе оставка, министерот за надворешни работи да врачи демарш на амбасадорката на Република Србија, а очекуваме претседателот на Македонија јавно да го осуди овој чин и со тоа покаже принципиелност во својата балканска политика“, се потенцира во реакцијата од ВМРО-Народна партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Џенсен Хуанг имал интимна врска со уште…
Поранешниот извршен директор на „Енвидија“, Џенсен Хуанг,…
Сериозни проблеми: Прекин во Microsoft 365 во…
Прекин во услугите на Microsoft на 12…
Две години затвор за поранешниот директор на…
Основниот суд во Битола му изрече две…
Тошковски: Ива Михајлова не е регистрирана на…
Досегашната истрага за бегството на Ива Михајлова…
Кушнер и Виткоф во Москва по договорот…
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…