Зечевиќ: Парламентарните избори ќе бидат одвоени од претседателските
Нема причина зошто воопшто да се спојуваат претседателските и парламентарните избори, вели генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, во интервју за Фокус.
Тој вели дека јасно се издвоени изборите едни од други и има зошто се така одвоени.
– Не гледам причина зошто да ги спојуваме. Зошто волјата на граѓаните да ја калкулираме со продолжување или скратување мандати? Едноставно е, ајде да го почитуваме Уставот и законите, без притоа да правиме политички толкувања – изјави Зечевиќ.
На прашањето дали се почнати одредени внатрепартиски дискусии и консултации околу кандидатот со кој ќе настапи СДСМ на претседателските избори, Зечевиќ одговори:
– Претседателската функција е врвот на државната пирамида. Таа фигура треба да е со исклучителна морално-политичка вертикала во себе, со визија и одважност да ги претставува вредностите на македонската Република. СДСМ ќе го избере најдобриот, победничкиот кандидат за претседателските избори, преку соодветна процедура. Секако дека ќе следуваат и консултации со нашите коалициски партнери. Уште од сега можам да најавам дека две работи се сигурни: прво, кандидатот на СДСМ ќе биде следниот претседател на државата; и второ, Македонија ќе има мирно море уште пет години, цврсто држејќи го кормилото на напредокот и државниот успех – истакнува Зечевиќ во интервјуто за Фокус.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Џенсен Хуанг имал интимна врска со уште…
Поранешниот извршен директор на „Енвидија“, Џенсен Хуанг,…
Сериозни проблеми: Прекин во Microsoft 365 во…
Прекин во услугите на Microsoft на 12…
Две години затвор за поранешниот директор на…
Основниот суд во Битола му изрече две…
Тошковски: Ива Михајлова не е регистрирана на…
Досегашната истрага за бегството на Ива Михајлова…
Кушнер и Виткоф во Москва по договорот…
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…