ДУИ удри по Мицкоски: Да се поклони пред спомен кулата во Слупчане
Наместо секој ден да потонува во анти албански и анти европски сентимент, ВМРО ДПМНЕ треба да ја поддржи европска Македонија и уставните измени, соопштија од ДУИ.
„Наместо да се грижи за ДУИ, треба да се грижи за Македонија.
Наместо Мицкоски да дава насоки на своите градоначалници да не издаваат дозволи за градба и потврди за законска легализација на Албанци, наместо да забранува доделување на работа на Албански фирми, да им дозволи на своите пратеници да гласаат по своје убедување.
Наместо да вади ретки архивски слики во маскирна униформа со празен калашников и жени и деца во испраќање во воен рок, да ја преведе веб страницата на партијата и на Албански јазик.
Наместо да повикува на војна сред Собрание пред цела јавност, да покаже доблест и да се поклони пред спомен кулата во Слупчане“, порачаа од партијата на Ахмети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две години затвор за поранешниот директор на…
Основниот суд во Битола му изрече две…
Тошковски: Ива Михајлова не е регистрирана на…
Досегашната истрага за бегството на Ива Михајлова…
Кушнер и Виткоф во Москва по договорот…
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…
Иран предупреди дека ќе одговори и на…
Претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач…
Тензии во Норфолк: Морнарите од носачот „Џорџ…
Семејствата на морнарите од американскиот носач на…