Зеленски во Бугарија на средби со државниот врв
Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека пристигнал во Бугарија за да се сретне со премиерот, претседателот, политичарите и новинарите.
-Ќе разговарам суштински со премиерот Николај Денков, ќе се сретнам со претседателот Румен Радев, официјални претставници од Владата, парламентарци, политичари и новинари, напиша Зеленски на Твитер.
Тој додаде дека главни теми на разговорите ќе бидат одбранбената поддршка, евроатлантските интеграции на Украина, Самитот на НАТО, безбедносните гаранции, како и спроведувањето на украинската мировна формула.
Зеленски се сретна со бугарскиот премиер Денков и вицепремиерката и министерка за надворешни работи Марија Габриел.
-Ја изразивме нашата солидарност со Украина и со украинскиот народ, напиша Габриел на Фејсбук.
Зеленски е во еднодневна посета на Бугарија. Предвидено е да се сретне со лидерите на парламентарните групи кои ја претставија нацрт-декларацијата за поддршка на членството на Украина во НАТО.
За време на неговата посета се очекува да биде потпишана заедничка декларација за евроатлантските интеграции на Украина и меморандум за соработка во областа на енергетиката, јави БТА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убиена пензионерка во Ѓорче Петров
Во скопската населба Ѓорче Петров утринава била…
Јотова одби интервју за Си-Ен-Ен, Ѓуров зборуваше…
Кандидатката за нов претседателски мандат Илијана Јотова…
Серафимовски: Очекуваме просечната откупна цена на тутунот…
Просечната откупна цена на тутунот од годинешната…
Излезноста во Израел достигна 16,7 отсто до…
Излезноста на парламентарните избори во Израел достигна…
(Видео) Торнадо во Анталија усмрти четворица градежни…
Најмалку четворица градежни работници загинаа, а петтиот…