Акциска контрола на МВР на влезот на Арачиново: Констатирани четири прекршоци
На влезот пред скопско Арачиново, вчеравечер во периодот од 21.30 до 22.30 часот од полициски службеници на МВР, во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, извршена е акциска контрола на лица кои управуваат возила, во однос на почитување на прописите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
„За време на контролата биле констатирани четири сообраќајни прекршоци, од кои најмногу за управување возило без возачка дозвола и за непочитување на прописите кои важат за возач-почетник, непоседување на соодветна документација за возилото и неносење на заштитен појас, и сите се соодветно санкционирани“, соопштија денеска од МВР.
Акциските контроли ќе продолжат и во наредните денови со цел подигнување на безбедноста во сообраќајот, како и зголемување на безбедноста во заедницата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…
Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…
ВЛЕН: Арачиново се менува со конкретни проекти…
Арачиново секојдневно се менува преку реализација на…
За еден месец, македонската полиција запленила 97…
Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и…
Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…
Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…
Сите учесници во инцидентот во скопската населба…