Објавено на:

Ако сакаат во ЕУ, земјите од Западен Балкан мора да воведат санкции кон Русија

t

Земјите од Западен Балкан, доколку сакаат да станат членки на Европската унија, мора да бидат усогласени со политиките на ЕУ, што поздразбира и воведување санкции против Русија, изјави денеска хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман.

„Ако земјите од Западен Балкан одлучија да бидат дел од Европската унија, треба стриктно да ја следат и да бидат усогласени со политиките на ЕУ. Невозможно е да се седи на две столчиња. Сите земји треба да ја осудат руската агресија, да воведат санкции, да покажат солидарност кон Украина и да промовираат регионална стабилност и добрососедски односи“, рече Грлиќ Радман на панелот „Западен Балкан: Нов евроатлантски замав“ во рамки на Форумот во Дубровник.

Тој посочи дека „националниот интерес на Хрватска е безбедно и стабилно соседство“ и повтори дека Хрватска може да им помогне на земјите од Западен Балкан со „знаење, експертиза и искуство“ на патот кон Европската унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…

ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…

Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…

Мерц бара значително намалување на буџетот на…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…

(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…

Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…