(Фото) Пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ напиша Северна па се пишмани

t

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на Унијата на жени, Жаклина Пешевска на својот Фејсбук профил напиша Северна Македонија па по реакција на граѓаните го смени текстот.

Имено таа на својот Фејсбук напиша Република Северна Македонија говорејќи за средбата во Собранието на Република Македонија со амбасадорот на Кралството Шпанија во Македонија кој ги презентирал приоритетите на шпанското претседателство со Европската Унија.

По ваквата објава следеа жестоки реакции од страна на симпатизерите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ кои се уште не се согласуваат со промената на името.

Дека тесктот е промене може да се види и од историјата на едитирање на Фејсбук каде одлично се гледа што најпрвин пишувало и како е променет текстот.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потесното раководство најпрвин говореа за репреговарање за Преспанскиот договор, па потоа посочија дека тој е реалност откако американскиот претседател Џо Бајден најави дека сите оние политичари кои нема да го поддржуваат овој договор ќе се најдат на американската црна листа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…

Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…

Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…