Браво – Македонија има иднина! Eдно злато, едно сребро, две бронзи и две пофалници за Македонија на Интернационалната математичка олимпијада во Јапонија
На 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023) – најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта, која годинава се одржува од 2.07-13.07.2023 година во Чиба, Јапонија – македонската репрезентација постигна одличен успех!
На овој светски мегдан за извонредност нашата екипа се закити со еден златен, еден сребрен, два бронзени медали и две пофалници.
ДАМЈАН ДАВКОВ (златен медал; со освоени 32 поени)
АЛЕКСИЈ ТАСИЌ (сребрен медал; со освоени 25 поени)
НИКОЛА ЦВЕТАНОСКИ (бронзен медал; со освоени 23 поени)
НИКОЛА СПИРОВСКИ (бронзен медал; со освоени 19 поени)
ЈАН СТОЈАНОВСКИ (пофалница; со освоени 17 поени)
БРАНКО ЈАНГЕЛОВСКИ (пофалница; со освоени 11 поени)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
16-годишна малолетничка ги пријавила родителите за семејно…
Полицијата извршила службен разговор со 53-годишен маж…
Кина ќе инвестира 15 милијарди долари во…
Кина и Турција потпишаа прелиминарен договор според…
Општина Гевгелија доби ново амбулантно возило
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион…
Две години затвор за Пеце Матевски, условни…
Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски,…
Ја принудувал на полови дејствија, ја тепал…
На 05.11.2026 во СВР Куманово, 42-годишна жена…